дома Македонија ЗА УТРЕ НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕ: „Последна шанса за нашата генерација“ –...

ЗА УТРЕ НАЈАВЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕ: „Последна шанса за нашата генерација“ – се очекува поставување на шатори пред Собранието

Утре во 12.00 часот напладне е најавен протест пред Собранието на Р.Македонија, во пресрет на најавената седница на која ќе се отвори Уставот и ќе се расправа по уставните амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа


Пред Собранието се очекува да бидат поставени шатори, а организаторите стравуваат од прекумерна употреба на полицискасила за време на протестот, кој го оценија како „последна шанса“ за Македонија да го зачува своето име, историја и култура.

„Ден сабота, 1 -ви декември:

Внатре во Собранието пратениците почнуваат со националното предавство!

Надвор пред Собранието народот ќе го брани македонскиот народ и македонската држава. Или ќе не избришат или ќе ги спречиме. Трето нема!

Татковината повикува – Последна шанса за нашата генерација!“ – пишуваат организаторите на протестот на социјалните мрежи.