дома Македонија За учениците нема, ама има за пратениците: Собранието си купи 100 лаптопи

За учениците нема, ама има за пратениците: Собранието си купи 100 лаптопи

Со потпис на спикерот Талат Џафери, Собранието на Република Северна Македонија склучи договор за набавка на сто лаптоп компјутери. Се работи за моделот HP EliteBook 735 G6 Notebook PC, а според набавката, еден лаптоп чини 56 445 денари или 917 евра, без вклучен ДДВ, пишува Скопје1.мк

Инаку додека собранието набавува компјутери, власта и опозицијата се натегаат околу тоа дали парламентот треба да работи онлајн или со физичко присуство на пратениците во законодавниот дом.