April 25, 2024, 12:13 am

За четири година економските политики на Влада ги чинеа граѓаните 24 илјади денари помалку во семејниот буџет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани се посиромашни за 24 илјади денари речиси секоја година изминативе четири години поради погрешните политики на Владата аргументираше пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов од денешната пленарна седница на Собранието на која се дебатираше за буџетот на државата за 2022 година.

-Во август 2021 минимална потрушувачка кошница изнесувала 34 илјади денари пред три години кога дојдовте на власт била 32 илјди. Тоа се 2 илјади месецно или 24 илјади годишно, секое семејство е зијан што сте на власт. Секое семејство е во зијан што не можете да воспоставите економска политика. На просечно семејство им го одземате летовањето и зимувањето на децата, истакна тој.

Според него за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа државата доволно говорат трите кризни состојби кои се резултат на мигрантската, енергетската и здравствената криза.

-Живееме во држава во која има три кризни состојби прогласени пред два дена во ова Собрание. Мигрантска здравствена и енергетска. Цела држава ни е во криза, само Владата блеска и е прогресивна. Еден да станеше да каже три работи што не чинат во буџетот. Битно е кој е нашиот став за префрлање на 4 милијарди денари на Електрани на Македонија, битно е дали парите на граѓаните трба да се трошат за купување струја по 350 евра киловат час и ја продаваме на ЕВН за 36 евра. Битно е да се прашаме каде одат тие милиони евра, така ќе бидеме кредибилни пред граѓаните, така ќе имаме излезеност на избори. Граѓаните се разочаруваат затоа што тука седниците се јавни за разлика од владата и тие гледаат дека нема суштинска дебата, гледаат дека иако се гласа за буџет, ние збориме за се освен за буџет. Тешко на онаа држава во која што само таа е најголем трошач, тешко на оние граѓани за кои што само државата вработува. Тоа е осудено на пропаст

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This