дома Социјални Мрежи ЗА ШТО „ДРНДАШЕ“ СПАСОВСКИ СО СЕФАЈ: Солза Грчева за средбата помеѓу Оливер...

ЗА ШТО „ДРНДАШЕ“ СПАСОВСКИ СО СЕФАЈ: Солза Грчева за средбата помеѓу Оливер Спасовски и косовскиот министер за внатрешни Фљамур Сефај

Откако македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот косовски колега Фљамур Сефај по вчерашната средба во Скопје рекоа дека не разговарале за екстрадицијата на двајцата осомничени за „Монструм“, поранешната пратеничка Солза Грчева праша за што тогаш „дрндале“?

-Збореле за сè и сешто, ама за пребеганите убијци од „Монструм“, јок. Која подигравка од држава сме ние. Па за што бре дрндале???? За кој криминал зборувале, ако не за свирепата ликвидација на матурантите. А случајно за палењето на нашето знаме дали бекнале?, праша експратеничката на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“.

Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се двајцата бегалци во Косово, кои заедно со уште четворица што завчера беа пуштени од притвор се товарат за убиството на четири момчиња и еден рибар на „Смилковско Езеро“ на Величетврток пред две години.