дома Култура ЗБОРОВИ ШТО ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ: Промоција на зборник од говорите на Рускиот...

ЗБОРОВИ ШТО ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ: Промоција на зборник од говорите на Рускиот претседател Владимир Путин!

Книгата „Зборови што го менуваат светот“ од рускиот претседател  Владимир Путин ќе биде промовирана в четврток, 12 октомври, со почеток во 12 часот, во хотел „Русија“.

За книгата и за авторот ќе говорат Емилија Гелева, автор на предговорот на македонското издание на книгата, и амбасадорот на Русија, Олег Шчербак.

„Зборови што го менуваат светот“ од Владимир Путин е прв наслов во новата едиција на „Ѓурѓа“ –  „Сиот свет е сцена“, што издавачот ја покрена оваа година, годината во која ја одбележува 30-тата годишнина од постоењето.

„Во едицијата ‘Сиот свет е сцена’ на читателите им претставуваме наслови од и за истакнати актуелни политичари од целиот свет, личности што со своето водство го менуваат современиот свет или значително придонесуваат во неговото менување во државите со кои раководат и пошироко“, велат од првата независна издавачка куќа „Ѓурѓа“.