дома Македонија ЗБРИШАН ,,ЗАГАРАНТИРАНИОТ” ИДЕНТИТЕТ: На лагата и се кратки нозете, идентитетот жpтвa на...

ЗБРИШАН ,,ЗАГАРАНТИРАНИОТ” ИДЕНТИТЕТ: На лагата и се кратки нозете, идентитетот жpтвa на политичката кариера на Заев

Ако идентитетот беше загарантиран со преспанскиот договор, како што премиерот и Владата велат, тогаш зошто придавката „македонски“, „македонска“, како идентитетски обележја – сега се елиминираат по сопствено толкување на владините функционери, па на најголемиот дел од институциите, меѓу кои и во културата и уметноста се менуваат? Дали промената на имињата на институциите се решение или креативно толкување на договорот со Грција?

Ако идентитетот, но и правото на самоопределување не ни е загрозено, тогаш на основа на кое право премиерот се дрзна да коригира новинар, кој одлучи да го употреби името Република Македонија во едно свое прашање. Извинување за оваа ситуација конкретно не слушнавме, пренесува Алфа.

Но не само новинарите, претседателот на владата ги коригира и своите потчинети.

Промената на имињата на овие 136 институции се само почеток на елиминацијата на придавката „македонски“, „македонска“. Допрва ќе се преговара за трговските марки, ќе се менуваат имињата на останатите институции, во документите. За последните, Владата е децидна: рокот во преспанскиот е следните пет години, а истечени или не, личните документи со новото име ќе треба да ги вадиме на сопствен трошок.