ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКАТА НА ЛЕКОВИ ВО СКОПСКИТЕ АПТЕКИ: Земјотресите донесоа страв, но и зголемена потрошувачка на седативи и алкохол

Поврзано

- Advertisement -
Како што потврдуваат фармацевтите за околу 50 е зголемена побарувачката на дијазепам, апаурин, лексилиум, валеријана, хелекс, санвал, но и на лековите против главоболки, покачен крвен притисок.
- Advertisement -

Зголемена побарувачката во скопските аптеките за седативи, лекови за главоболка, за зголемен крвен притисок, како и на чаеви за смирување.

Како што велат фармацевтите за околу 50% е зголемена побарувачката за дијазепам, апаурин, лексилиум, валеријана, хелекс, санвал, но и за лековите против главоболки, покачен крвен притисок. Според нив стравот не ја одбира возраста, бидејќи има пациенти од сите генерации кои не се во можност да го контролираат ова чувство.

– Земјотресите кои во континуитет го тресат главниот град – Скопје, веќе четири дена се причина кај голем број граѓани да има зголемена вознемиреност што не можат да ја контролираат и бараат лекови за да се стабилизираат – потврдува еден скопски фармацевт.

Деновиве има регистрирано и зголемен број јавувања во кол-центарот “Ало докторе!” каде што граѓаните кои се во паника бараат медицински совети од дежурните лекари.

За психолозите стравот од земјотрес е реален, но сепак советуваат дека не треба да се дозволи тој да премине во паника и спасот да се бара во седативите или во алкохолот.

Стручните медицински лица информираат дека деновиве во скопските болници пристигнуваат млади пациенти кои од страв занемеле и не можеле да прозборат и по еден час. Кај малите деца има случаи на ноќни мокрења, грицкање нокти, појава на тикови. Дел од нив одбиваат да одат во градинка или во училиште, плачат некотролирано и не можат да се одвојат од родителите.

Стравот од можен земјотрес кај лицата што се постари од 65 години може да предизвика мозочен или срецев удар.

Земјотресите се елементарни непогоди кои носат вакви реакции кај граѓаните, но факт е дека и досега македонските граѓани беа големи потрошувачи на лековите за смирување и висок јрвен притисок. Така според последите податоците со кои располага Фондот за здравствено осигурување на Македонија(ФЗОМ), прв од десетте најкористени лекови на нивната листа на лекови на рецепт е “еналаприл”, наменет за висок крвен притисок, а на второ место е диезепам, кој е наменет за смирување.

Искуството на лекарите и на фармацевтите е дека Македонските граѓани во голем број се корисници на седативи, но расте и бројот на лицата кои во земјава се лекуваат од депресија. Над милион рецепти се реализирани во аптеките, што значи дека просечно секој втор жител на РМ употребил по најмалку едно пакување од овие лекови во текот на годинаа

Додека аптеките забележуваат раст па потрошувачката на лекови за смирување, трговците велат дека се трошат поголеми количества алкохолни пијалаци. Некој сограѓани наместо седативи стравот го лекуваат со ракија, пиво или вино. Според нив алкохолот е поздрав од лековите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This