дома Македонија Зголемен интензитетот на сообраќајот: На ГП Тaбaнoвцe ce чeкa oкoлy 1 чac

Зголемен интензитетот на сообраќајот: На ГП Тaбaнoвцe ce чeкa oкoлy 1 чac

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На г. п. Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 1 час, а на г. п. Богородица околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.