дома КОВИД-19 (Коронавирус) Здравствен работник доби сeриозна алeргиска pеакција откако ја прими вакцината „Фајзер“

Здравствен работник доби сeриозна алeргиска pеакција откако ја прими вакцината „Фајзер“

Здравствен работник во американската држава Алјаска доби сериозна алергиска реакција откако ја прими вакцината „Фајзер“ против ковид-19, пушува „Њујорк Тајмс“, а пренесе Ројтерс.

Здравствен работник во вторникот имал алергиска реакција, а после тоа бил хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба, пишува „Њујорк тајмс“.

Не е познато дали работникот имал претходни проблеми со алергија.

Фајзер не го коментираше веднаш случајот, а американската Администрација за храна и лекови ги советуваше луѓеѓто кои имале алергиски проблеми да се консултираат со лекар пред да ја примат вакцината и да проверат дали можат да бидат алергични на некоја компонента содржана во вакцината, пренесува Танјуг.

На првиот ден на вакцинацијата, во Велика Британија се случија две алергиски реакции, по што Министерството за здравство на Велика Британија им препорача на луѓето кои имаа проблем со алергии, засега да не се вакцинираат со вакцината на „Пфајзер“, потсетува Ројтерс.