дома КОВИД-19 (Коронавирус) Здравството колабира, кластер на коронавирусот се поjави и на Институтот за клиничка...

Здравството колабира, кластер на коронавирусот се поjави и на Институтот за клиничка биохемија

На Институтот за клиничка биохемија во кампусот клиники „Мајка Тереза“ деновиве се појави кластер на коронавирусот.

-На Клиничка биохемија во „Мајка Тереза“ од пред два дена се појавувува кластер на Ковид-19. Потребно е директорката на Клиничка биохемија да биде во изолација, исто така и вработените кои се позитивни, вели медицински извори.

Но, наместо соодветно постапување и заштита на останатите вработени во ризик е ставен сиот персоналот кој што работи на Биохемија. За ова информира и Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Во постот на фејсбук страната на Комисијата се повикува Државниот здравстен и санитарен инспекторат да направи увид и да преземе мерки.

Деновиве меѓу заболените се повеќе има и здравствени работници.

-Овој кадар мора да се заштити, да се направи скрининг и да се постапува соодветно. Ова се лицата кои се справуваат секојдневно со последиците од корона вирусот, велат здравствени работници.