Здравје во раскошно есенско пакување – само јадете го ова овошје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Калинката е зимско овошје кое е супер да се јаде свежи, за сок или за салати и за со јогурт.
Зрнцата се супер здрави, имаат витамини и антиоксиданси во себе, а помагаат да се ослободиме од токсини во телото.

Во 100 грама калинка има 15 посто од дневната доза витамин Ц која ни треба.

Има калиум и електролити, важни и за здрави мускули.

Превенираат и рак и помагаат за да се спречи процесот на стареење.

Еве што му прави сокот од калинка на вашиот организам

Ако сакате да го успорите процесот на стареење и да го зајакнете имунитетот, пијте свежо цеден сок од калинки, советуваат стручњаците.

Оваа вкусна напивка е вистински концентрат од витамин Ц, богата е со калиум и витамини А и Е, содржи фолна киселина, како и многу моќни антиоксиданси.

Некои истражувања покажале дека редовно конзумирање свеж сок од калинка може да спречи многу болести.

Нутриционистите препорачуваат, свежиот сок (исцеден на ист начин како и портокалот) без додаток на шеќер, да се испие веднаш по цедењето или во текот на денот.

Поради можни интеракции со лекови, оваа напивка не се препорачува за пациенти кои боледуваат од дијабетес како и за оние кои во терапијата користат антидепресиви и други лекови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This