дома Македонија ЗДРУЖЕНИЕ НА ИСТОРИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА: Научното списание “Историја” втора година не добива...

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИСТОРИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА: Научното списание “Историја” втора година не добива пари од министерството за култура, бараат помош од сите кои можат да им помогнат!

-Научното списание “Историја” втора година по ред не добива средства за печатење од Годишната програма за финансирање на Министерството за Култура. Лани бевме одбиени бидејќи не сме биле од “национален приоритет”, а само да потсетиме дека ЗИРМ е најстаро историско здружение во Р. Македонија формирано 1952 година, додека списанието ИСТОРИЈА е едно од најстарите научни списанија кои се занимаваат со историјата на Македонија.

Лани поднесовме жалба, но за жал не добивме никаков повратен одговор, оваа година не планираме да го правиме тоа.

ГИ ЗАМОЛУВАМЕ СИТЕ ОНИЕ ПОЕДИНЦИ И ФИРМИ КОИ СЕ РАСПОЛОЖЕНИ ДА ПОМОГНАТ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СПИСАНИЕТО ВО ДВА БРОЈА ДА НИ СЕ ОБРАТАТ, СЕ СО ЦЕЛ ДА ГО ПРОДОЛЖИМЕ КОНТИНУИРАНОТО НЕГОВО ПЕЧАТЕЊЕ, пишува Здружението на историчари на Република Македонија.