дома Македонија ЗЕКИРИ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА ДО СТОИЛОВ: Пак нека изигрува патриот, нека учи...

ЗЕКИРИ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА ДО СТОИЛОВ: Пак нека изигрува патриот, нека учи како се сака спортот и Македонија

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири испрати со нова провокација до ракометниот репрезентативец, Стојанче Стоилов, овој пат поради мечот во мал фудбал кој се одигра вчера меѓу Македонија и Албанија (3-2), во кој трите погодоци за победа ги дадоа македонски Албанци.

Притоа Стоилов беше помеѓу гледачите на трибините во „СЦ Јане Сандански“ и од фоторепортерите беше фатен како се радува.

„Кажете му на Стоилов нека се радува и нека учи како се сака спортот и Македонија. Трите гола против Албанија за победа од 3:2 ги постигнаа Албанци од Македонија. П.С. Пак нека изигрува патриот и нека станува од манифестации кога се зборува на албански“, пишува Зекири.