ЗЕКИРИ, ЧАУШ И „ШАРЕНИТЕ“ ЌЕ ПРАВАТ „ПУЧ“ ВО ИВЗ: Со одмотува клопчето околу интересите во ИВЗ – Зекири и Чауш сакаат да инсталираат радикални елементи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека, но сигурно се одмотува клопчето околу кавгата на пратеникот на СДСМ и потпретседател на партијата Мухамед Зекири со реисот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи. Конфликтот помеѓу Зекири и Реџепи трае веќе подолг период, а сите мислеа дека кулманицијата беше судскиот спор помеѓу двајцата и затворската казна за Зекири од 20 дена поради клевет – пишува „Република“

Реисот изјави дека откако негови блиски пријатели го замолиле да ја повлече тужбата и да му прости на Зекири, тој се одлучил да се откаже од паричната оштета и затворската казна за Зекири.

Но, ситуацијата одново се вжештува, а во конфликтот на страна на Зекири се приклучи и Захир Бекири Чауш, како и неговиот внук Крон Буш, близок пријател на Заев и Спасовски, но и застапник на големоалбанската идеја. Покрај гореспоменатите истакнати членови на СДСМ во конфликт со реисот влегоа и шарените, а има обид и за инволвирање на СЈО во пресметката.

Мухамед Зекири го повика СЈО да отвори постапка против реисот Сулејман Реџепи, но нејасно е дали досега се води ваква постапка, нејасно е дали СЈО, ОЈО или пак МВР имаат некакви докази или водат постапка против истакнати членови на ИВЗ или пак против самиот реис. Сомнително и во најмала рака неетички е тоа што на истрага повикува еден истакнат политичар и пратеник кој може да има огромно влијание врз судските органи.

Извор
Република.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This