дома Македонија Зеколи: Heкoи мeѓy нac знaeлe, aлapмиpaле и пpeдyпpeдyвaле, oдгoвopно и нeмoќно

Зеколи: Heкoи мeѓy нac знaeлe, aлapмиpaле и пpeдyпpeдyвaле, oдгoвopно и нeмoќно

Во Тетово, синоќа, се случи она што можеше да се случи и во Пробиштип, Берово, Струга, Кочани, Дебар, во секој диспанзер, болница, амбуланта за обични луѓе, смртници, граѓани без врски и познанство. Институции од кои нема голем ќар, профит, наменети за средните и ниски слоеви кои редовно ја плаќаат сметката на нееднаквоста во општеството. Неполн час по објавувањето на веста за трагедијата, пред очи веќе струеја реки информации за пропустите, за неквалитетот на објектот, за опасноста која виреела и само чекала искра за да пламне.

Ова во својата колумна за „Дојче веле“ посветена на трагедијата во Тетово го пишува политичкиот аналитичар Арсим Зеколи.

Но што повеќе ги читав информациите, толку повеќе се составуваше сликата за целосниот крах на комуникациите во нашето општество и држава. Некои меѓу нас знаеле, алармирале и предупредувале, одговорно и немоќно. Некои од нашите медиуми знаеле, но информирале онака, внимателно за да не се растревожат партиските газди. Некои од политичарите знаеле, но чекале да поминат анкетите, кампањите, изборите. А сите ние заедно, знаевме, толериравме, изговори баравме и наоѓавме, премолчувавме. За да не се замериме. Така беше пред трагедијата, секоја трагедија, пишува Зеколи.

Целата колумна тука