дома Македонија ЗЕМЈОТРЕС ВО ГЕВГЕЛИЈА: Попладнево Гевгелија ја стресе земјотрес со јачина од 2.1...

ЗЕМЈОТРЕС ВО ГЕВГЕЛИЈА: Попладнево Гевгелија ја стресе земјотрес со јачина од 2.1 степени по Рихтер

Во Гевгелија беше почуствуван земјотрес со јачина од 2.1 степени според Рихтер.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид,Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес (18.4.2019 година) во 13 часот и 3 минути регистрирше слаб земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 140 km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2,1, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.