дома Европа Земјотрес од 3,7 степени според Рихтер го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес од 3,7 степени според Рихтер го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Епицентарот на потресот бил на осум километри северно од Тилисос и 11 километри северозападно од Ираклион.

Како што пренесе МИА, нема извештаи за повредени лица.