дома Балкан Земјотрес со јачина од 4,1 степен кај Петриња

Земјотрес со јачина од 4,1 степен кај Петриња

Тлото кај Петриња не се смирува. Попладнево регистриран е нов силен земјотрес.

Според првични информации на ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 4,1 степен по рихтер регистриран е во 12 часот и 58 минути со епицентар кај Петриња.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

По серијата земјотреси, се уште жителите на Петриња живеат тешко и во импровизирани куќи или пак куќарки обезбедени од државата.