дома Македонија Зибери: Изборот за Народен правобранител не е компензација со ДУИ

Зибери: Изборот за Народен правобранител не е компензација со ДУИ

Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, вели новиот Народен правобранител, Насер Зибери.

Зибери, ги отфрла коментарите дека ова наградата за кандидатирата за премиер од ДУИ.

-Изборот за Народен правобранител не е никаква компензација. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Сам се пријавив на огласот за Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите, вели Зибери.

Во однос на забелешките на опозицијата која го спори неговиот етички кредибилитет, Зибери вели дека треба да му се даде простор за да ја оправда довербата што му ја дала законодавната власт.