дома Македонија Зибepи го cкapa мнозинството во парламентот: Meџити бapa од Гpyби одговop зошто...

Зибepи го cкapa мнозинството во парламентот: Meџити бapa од Гpyби одговop зошто нema Aлбaнeц пpeмиер

Собранието ја започна расправата за избор на Насер Зибери за народен правобранител. Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити, вели дека за измамата на неговиот политички субјект дека Зибери ќе биде првиот премиер Албанец, одговор треба да даде вицепремиерот за политички систем Артан Груби. ДУИ ќе го поддржи Зибер како народен правобранител.

„Вистина е дека ние ветивме премиер Албанец и не успеавме да го реализираме тоа на подолг рок, туку само за 100 дена како нов почеток и нова историја во нашата земја. За ова мислам дека треба да го прашате господинот Груби каков е договорот – дали Зибери ќе биде премиер 100 дена, ако не, зошто нема да биде – и кој ќе биде првиот премиер Албанец во Северна Македонија“, рече Изет Меџити, пратеник на ДУИ.