дома Свет ЗИМАТА ГИ ПОРАЗИ АМЕРИКАНСКИТЕ ТЕНКОВИ: Цел свет им се смее – најмодерните...

ЗИМАТА ГИ ПОРАЗИ АМЕРИКАНСКИТЕ ТЕНКОВИ: Цел свет им се смее – најмодерните тенкови на САД заглавија во Европа!

Американската војска се соочи со „неочекувани потешкотии“ при префрлувањето на оклопната воена техника од Германија во Полска, пишува „Wall Street Journal“

Како што пишуваат медиумите, еден број возила биле оштетени на пат од германското пристаниште Бремерхавен до Полска. Удирале во мостовите кои биле пониски отколку што војниците очекувале. Пет оклпни возила останле во Германија. Засега не е пронајден сигурен начин за нивно префрлување.

Освен тоа, еден број американските тенкови стигнаа во Европа со испразнет акумулатор, изјавил командирот на силите на САД за Европа генерал-полковник Бен Хоџес. Тој признава дека Вашингтон не поседува доволно информации за инфраструктурата во земјите на НАТО кои претходно биле дел од Варшавскиот пакт и укажа на потребата за „обновување на упориштата“ на истокот на Европа.

САД во Источна Европа префрла 87 тенкови „М1 Абрамс“, 144 оклопни возила „Бредли“, 18 самодвижечки хаубици „М109 Паладин“ и 4.000 војници како подршка за операциајта „Атлантска одучност“.