дома Балкан ЗИМАТА СЕ ВРАТИ НА БАЛКАНОТ: БиХ се разбуди под снежна покривка!

ЗИМАТА СЕ ВРАТИ НА БАЛКАНОТ: БиХ се разбуди под снежна покривка!

Во некои балкански земји времето личи на вистинска зима, иако е пролет. Снег има во Босна и Херцеговина.

Во повеќето градови температурите се под просекот за мај, а за време на викендот и денеска, на некои места наврна и снег. Снегот ги покри зелените гранки на овошките и ги зaгрижи земјоделците. Температурата е до пет степени.

Снег има во Босанска Краина – Приједор, Босански Петров и Цазин, и во Чемерно.
Снег падна и на загребско излетничко место Сљеме. Во одредени делови на Хрватска температурата беше околу нула степени.

Облачно време со повремени дождови се најавува и за наредните денови.
Екипа од Федералниот хидрометеоролошки завод во БиХ во саботата утрината на Бјелашница измерија дури 72 сантиметри снег