Игло селото Какслаутанен е семеен хотелски комплекс во финска Лапонија, а се наоѓа на само 250 километри северно од Арктичкиот круг.
Иако можеби да изгледа како недостапно место, многу е лесно да се стигне до таму, бидејќи е оддалечен само 30 минути од меѓународниот аеродром во Ивало. Селото има дваесет интересни стаклени иглоа, наменети за оние кои сакаат да поминат вистински зимски одмор.
Се разбира, секое игло е луксузно опремено: содржи бања, голем кревет, дури и сауна. Луксузниот хотелски комплекс вклучува и главна зграда, каде има пет традиционални соби, и 40 индивидуални колиби.
Иглоата се изградени од посебен вид на стакло, а температурата во нив е на нормално ниво. Постои посебна куќа за младенци, уредена многу романтично во традиционалниот стил на куќите во Лапонија.
Хотелот е дизајниран така што гостите можат да уживаат во природата, полноќното сонце и поларната светлина. Стаклените иглоа се отворени од крајот на август до крајот на април, за време на Northern Lights сезоната.