дома Македонија ЗИЈАДИН СЕЛА ГО ПОВИКА ЏАФЕРИ ДА РАСПИШЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Се виде дека...

ЗИЈАДИН СЕЛА ГО ПОВИКА ЏАФЕРИ ДА РАСПИШЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ: Се виде дека Џафери е добар актер, ако има трошка морал, веднаш да распише парламентарни избори!

Талат Џафери нема морален кредибилитет да биде претседател на Собранието на Северна Македонија, по синоќешниот настан кога не дозволи пратениците да гласаат за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски, рече пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села и побара веднаш да се распишат предвремени парламентарни избори.

Синоќа се виде дека Џафери е добар актер и не заслужува да биде претседател на Собранието на република Северна Македонија. Ниту Владата нема мореален кредибилите да владе бидејќи го погазија ветувањето за правна држава. Вчера се случи удар на правната држава. Ова мнозинство многу лесно се договара за амнестирање на криминалот и корупцијата, а доказ за тоа е Законот за амнестија. Џафери ако има трошка морал правото треба да им го дадат на граѓаните и веднаш да се распишат вонредни парламентарни избори, рече Села.

Тој порача дека повеќе од јасно е дека ДУИ сака да го заштити Трајко Вељановски. Според него, ДУИ е врската помеѓу новиот и сариот режим, бидејќи многу се инволвирани во корупција и криминал и затоа го штитат Вељановски.