April 20, 2024, 12:51 pm

Зијадин Села нa cpeдбa co eвpoaмбacaдopoт Дејвид Гир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села вчера се сретнал со новиот амбасадор на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

Алијансата за Албанците соопшти дека Села и Гир разговарале за актуелните политички состојби, а посебно се осврнале на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Села го информирал Гир за политичкиот став на Алијанса за Албанците дека правната држава е основен предуслов за почеток на преговори со ЕУ. Почитување на човековите права, реформите во судството, демократизацијата на институциите и економските реформи се предуслов кој Република Северна Македонија треба да ги исполни час  по скоро.

Села на средбата со амбасадор Гер се осврнал и на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија при што побарал поголем ангажман од ЕУ за да ги охрабрат страните да најдат брз и издржан консензус.

-Секое задоцнување во изнаоѓање на решение во однос на спорот со Бугарија значи задоцнување за граѓаните да ги уживаат политичките, економските и сигурносните бенефити што ги пружа Европска Унија, истакнал Села на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This