дома Македонија Златев откpива зошто Jaнчев го откaжaл пpoтecтот пpeд “Бeлaтa пaлaтa”

Златев откpива зошто Jaнчев го откaжaл пpoтecтот пpeд “Бeлaтa пaлaтa”

Уредникот и новинар на порталот Лидер.мк Љупчо Златев кој е од Кавадарци открива на социјалните мрежи зошто градоначалникот на Кавадарци се премисли од намерата да го урива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со протест.

“Јанчев го одложил протестот против раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Веројатно до следното начукување. Следниот пат кога ќе удри некоја ракија, пак пола саат по полноќ ќе најави протест…”, пишува Златев без да објасни дали се шегува или навистина алкохолот имал улога во најавата за протест.

Јанчев ноќеска по полноќ најави протест за 2 октомври пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ но денеска се откажа од намерата.