дома Политика Злoyпотpeбитe на работници за време на изборен процес се нaдгрaдeни

Злoyпотpeбитe на работници за време на изборен процес се нaдгрaдeни

Вработувањата кои се спроведуваа во изминатиот период останаа непроверени, а со самото тоа и несанкционирани, посебно вработувањата преку Агенции за привремени вработувања кои спротивно на закон и без реална потреба и основ, отстапуваа работници на институции за време на изборен процес, a за кое побарав преку соопштенија уште на 12, 25 и 26 март 2020 година, и со претставки до ДКСК, да се отвори постапка за моите наводи за злоупотреби и назаконско вработување и доколку се потврди, соодветно да се санкционира, реагира денеска дополнителната заменичка-министерка за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски, во врска со активностите на директори од СДСМ на државните и локални институции во Македонски Брод во работно време за партиски потреби.

-Злоупотребите денес се надградени и секој ден гледаме како кандидати за пратеници од СДСM, најголемиот дел од својата кампања ја поминуваат во посети на државни и јавни институции, а притоа се користи целата логистика и се злоупотребуваат институциите за партиски цели, наведува таа на својот Фејсбук профил.

Прашува дали ДКСК ќе укаже, постапи и ќе покрене било каква постапка за несовесните функционери и злоупотребите на службени простории, вработени и службени тајни за партиски цели во време на кампања.

-Одговорност ќе има, а народот на 15 јули ќе ги ослободи заробените институции од режимот на СДСM и Зоран Заев, пишува таа на Фејсбук.