дома Македонија Змијанац: Соодветни казни за педофилите се најдобра превенција

Змијанац: Соодветни казни за педофилите се најдобра превенција

Педофилите се едноставно непоправливи, тие се рецидивисти. Ако нема други мерки, по издржување на казната затвор, го повторуваат делото, изјави во „Аргументи“ на ТВ Нова директорот на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац.

Според Змијанац, најдобра превенција се соодветни санкции за педофилите, високи казни и медикаментна терапија, или евентуално за тешко кривично дело – полов напад на дете на посебно брутален начин – има мерка и доживотен затвор.

„Едноставно, тие додека се на слобода не можат да го контролираат нагонот и либидото. Тие се потенцијална опасност за секое дете“, рече Змијанац.