дома Македонија ЗНАЕ ЛИ БЕЈЛИ НЕШТО ШТО ДРУГИТЕ НЕ ЗНААТ: Македонија наскоро би можела...

ЗНАЕ ЛИ БЕЈЛИ НЕШТО ШТО ДРУГИТЕ НЕ ЗНААТ: Македонија наскоро би можела да влезе во НАТО

Реалната можност Македонија наскоро да се приклучи кон НАТО е најголемата разлика кога зборуваме за земјата денеска во споредба со минатото, порача американскиот амбасадор Џес Бејли денеска на трибината „НАТО и ти”, организирана од Министерството за одбрана, Евроатлантскиот совет на Македонија (АТА-Македонија), НАТО Канцеларијата за врски и Хрватската амбасада по повод Денот на Алијансата – 4 Април.

– Што значи членството во НАТО за Македонија и за нејзините граѓани? Тоа значи дека ќе бидете сојузници, а не партнери, пријател, сосед со останатите земји членки. Денеска кога се одбележуваат 69 години од потпишувањето на Вашингтонскиот договор нагласи дека Алијансата е сојуз што се заснова на почитување на човековите прва и слободи, демократијата и владеењето на правото.

Според Бејли, ниското ниво на владеењето на правото земјата ја први ранлива за корупција, но и за внатрешни и надворешни непријатели.

Додаде дека влезот во НАТО ќе помогне да се надминат внатрешните политички поделби во земјата. Нагласи дека е потребно системските реформи што се воведуваат во Македонија да не останат само на хартија, односно законите што се носат во Парламентот понатаму практично да се имплементираат.