дома Балкан ЗНАЧАЈНА СРЕДБА ВО БЕЛГРАД: Србите од КиМ на средба со претседателот Вучиќ!

ЗНАЧАЈНА СРЕДБА ВО БЕЛГРАД: Србите од КиМ на средба со претседателот Вучиќ!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со политичките претставници на Србите и најзначајните српски институции на Косово и Метохија, а тема на разговор биле заедничките чекори за решавање на актуелната ситуација на КиМ.

Средбата беше одржана откако кандидатите на Српската Листа убедливo пoбедија на изборите за градоначалник со четири српски општини на КиМ, а пред да се одржи седницата на српското собрание за КиМ.

На состанокот беа присутни 140 претставници на србите, меѓу кои и директотрот на Кенцеларијата за Косово и Метохија, Марко Џуриќ и генералниот секретар на претседателот, Никола Селаковиќ.

По завршувањето на средбата се очекува да се одржи прес конференција.