дома Локално Зоолошката градина Скопје донираше прочистувачи на воздух за штитениците од Домот за...

Зоолошката градина Скопје донираше прочистувачи на воздух за штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври”.

-Зоо Скопје како општествено одговорна институција на домот за деца без родители „11 Октомври” донираше прочистувачи на воздух. Дружбата и соработката со овие дечиња, како и со директорката на домот, Соња Стамевска продолжува и понатаму. Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката ќе биде секогаш

отворена за нив, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Целта на донацијата, како што наведуваат од ЗОО е да ги поттикнат и другите институции да помагаат и донираат секаде каде можат.