дома Социјални Мрежи ЗОРАНЕ ДОСТА БЕШЕ ЖАЛОПОЈКИ: Упорно винaтa ја бара кај сите, освен кај...

ЗОРАНЕ ДОСТА БЕШЕ ЖАЛОПОЈКИ: Упорно винaтa ја бара кај сите, освен кај самиот себе

Додека сите европски партнери на Република Македонија јасно ни кажуваат дека реформите се неминовни, дека не може истите да бидат “мртво слово на хартија, водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ – Зоран Заев со “жалопојки” упорно вината ја бара кај сите, освен кај единствениот одговорен, самиот себе, ова на својот фејсбук профил го напиша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

 

Пред некој ден излезе извештајот за јавниот долг заклучно со 30.09.2019 година и истиот е зголемен за 105 милиони евра. Значи, јавниот долг од 5.30 милијарди евра (46.7% од БДП) во Јуни е зголемен на 5.40 милијарди евра (47.7% од БДП) во Септември.

Во ситуација со катастрофално ниска реализација на капиталните инвестиции остануваат неискористени големи средства во буџетот. Во исто време, при ваква ситуација кога имаме вишок на нереализирани средства, сепак се продолжува со зголемување на јавниот долг за финансирање на непродуктивни трошоци.

Се додека растот на БДП е поткрепен со политики и капитални инвестиции, оправдано е државата умерено да се задолжува за да ги финансира тие капитални инвестиции. Ситуацијата во Македонија е сосема спротивна на сите нормални економски текови.

Затоа лажат, затоа што се неспособни, затоа што се некадарни, затоа што не знаат, затоа што се безидејни, затоа на 12 Април ќе ги пратиме во политичката историја, на црната страна!

Се вели во Фејсбук статусот на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.