дома Македонија Зоран Милевски-Кичеец по пpегледот во болница вpатен во пpитвоp

Зоран Милевски-Кичеец по пpегледот во болница вpатен во пpитвоp

Зоран Милевски-Кичеец, еден од осомничените во случајот „Рекет”, кој заедно со Бојан Јованоски-Боки 13 е во притвор денеска попладне со одобрение од судот бил пренесен на преглед во приватна болница. По прегледот тој бил вратен во Истражниот затвор во Шутка.

Според неофицијалните информации што ги објавуваат дел од медиумите, прегледот го направил во приватната болница „Жан Митрев” и сам си ги платил трошоците за прегледот и за трансферот.