дома Социјални Мрежи ЗОРИЦА НА ЗАЕВ ПУШИ ВО КАФАНА: Зорица Заева со цигара во рака...

ЗОРИЦА НА ЗАЕВ ПУШИ ВО КАФАНА: Зорица Заева со цигара во рака во ресторан најавува укинување на забраната за пушење

Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот.

Во јавните простории од членот 2 на овој закон и во собите за сместување на непушачи во објектите од ставот 2 на овој член одговорното лице на правното лице ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето.

Во член 9 се вели дека глоба во износ од 2.000 до 4.500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правно лице ако постапи спротивно на членовите 3, 4, 5, 5-а, 6 и 7 од овој закон.

За прекршокот од ставот 1 на овој член на одговорното лице во правното лице, ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

-Глоба во износ од 150 до 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на физичко лице ако пуши во просторија каде што е забрането пушењето (член 2). За прекршокот од ставот 1 на овој член глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност, ќе му се изрече на физичко лице и на самото место на прекршокот, стои во член 10.