дома Свет (Видео)БЕЈЛИ НАС НИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ТРЕБА ВАКА: Преку 200 демонстранти од...

(Видео)БЕЈЛИ НАС НИ ВЕЛИ ДЕКА НЕ ТРЕБА ВАКА: Преку 200 демонстранти од соросовите невладини уапсени во САД по насилните протести!

Вкупно 185 лица се уапсени, а еден полицаец е повреден во протестите организирани од НВО-то финансирано од страна на Џорџ Сорос „Мув он“ во Лос Анџелес, откако беа поттикнати на насилни протести против новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп

Според локалните медиуми речиси 200 лица се уапсени на анти-Трамп протестите во Лос Анџелес. Протестот започнал како мирен, но набрзо прераснал во насилно вандализирање на туѓ имот преку фарбање и цртање графити, фрлање на шишиња и огномети.

Во средата, стотици активисти на соросовата невладина организација излегоа низ земјата и започнаа со насилни протести против изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Меѓу градовите погодени од протестите беше и Њујорк, но и државите Калифорнија, Орегон и Вашингтон.