Зошто во Фајзер не е задолжителна вakцинациjaта?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фајзер во средата рече дека ќе бара од сите американски вработени и соработници да се вакцинираат против „Ковид-19“ или да учествуваат во редовно неделно тестирање. Новата иницијатива „најдобро ќе го заштити здравјето и безбедноста на нашите колеги и заедниците на кои им служиме “, рече портпаролот на Pfizer, Памела Ајсел изјава за CNBC.

Но сепак во Фајзер не е задолжителна вакцинацијата.

„Надвор од САД, компанијата силно ги охрабрува сите колеги кои можат да го сторат тоа во нивните земји да се вакцинираат“, додаде Ајсел. „Колегите кои имаат медицински состојби или верски несогласување ќе можат да бараат друго решение“.

Таа бара од колегите да се придржуваат до сите државни, локални и друго безбедносни процедури на Фајзер за заштита од Ковид 19 додека се занимавате со работа во Фајзер“.

„Фајзер“, е компанијата чија вакцина за „Ковид 19“ произведена заедно со германскиот производител на лекови „БиоНТех“ беше првата која што беше дозволена за употреба во Соединетите држави.

Најноваа анкета на Си-Ен-Би-Си објавена во средата покажа дека Американците се остро поделени околу задолжителната вакцинација. Анкетата на 802 Американци, направена од 24-28 јули, покажа дека 49% се залагаат за задолжителна вакцинација, а 46% се противат-разлика што во рамките на 3,5. процентна точка на маргина на грешка. Пет проценти рекле дека не се сигурни.

Извор: Си-Ен-Би-Си

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This