дома Здравје Зошто една мајка одбива да ги вакцинира своите деца?

Зошто една мајка одбива да ги вакцинира своите деца?

Една бремена мајка предизвика онлајн дебата, откако најстрого ја осуди вакцинацијата на децата и откри дека нејзините дечиња никогаш нема да примат вакцини.

Шанел Картрајт, која е мажена за австралиски рагби играч, цврсто стои на своето уверување дека вакцините не помагаат.

20-годишната мајка вели дека таа и нејзиниот сопруг се вакцинирани, а сепак страдаат од авто-имуни болести и алергии, од кои опоравувањето им оди многу бавно и тешко.

„Се сеќавам дека Брајс беше многу заштитнички настроен кога за првпат ја спомнав темата за вакцинација и ми се налути само затоа што сум спомнала дека не треба да ги вакцинираме децата.

Потоа прочита неколку упатства и неколку страници од книга на докторката Сузан Хампфрис и почна да гледа на вакцините од поинаков агол,“ раскажува мајката.

Младите родители велат дека со задоволство ќе ги подучуваат и школуваат децата дома, доколку училиштата не ги примат без потврда за примена вакцина.

Шанел и Брајс исто така одбираат да не користат бебешки пелени, бидејќи сметаат дека е неприродно.

„Исто како што мачката ја учите да врши нужда во кутија со песок или како што кучето го изнесувате надвор – исто така го учите и бебето, дека има одредено место за таа цел.“

Дел од родителите ја оправдаа, дел ја осудија одлуката на оваа мајка – во која група сте вие?