Зошто и вакцинираните може да се заразат со вирусот? – Омикрон повеќе ги напаѓа и оние кои веќе прележале ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ризикот од инфекција со корона вирусот постои и покрај тоа што некои од луѓето се вакцинирани, се зависи од имунолошкиот одговор на вакцинираното тело, а според најновите податоци за омикрон, новиот вид на SAR-CoV-2 ги напаѓа повеќе оние што се излечени од ковид.

Според Институтот Роберт Кох, вакцините против корона ефикасно штитат од тешка форма и од смрт поради компликации на Ковид, но сепак не обезбедуваат 100% заштита од инфекција. Доколку се зарази човек кој е целосно вакциниран, лекарите оваа инфекција ја нарекуваат „продорна“.

Експертите објаснуваат зошто вакцинираното лице воопшто се инфицира:

Едно лице може да се зарази непосредно пред вакцинацијата (просечното време на инкубација за коронавирус е пет до шест дена).

Едно лице може да се зарази во првите денови по вакцинацијата – односно пред да се формира „вакциналниот“ имунитет во неговото тело (таков имунитет се формира некое време по целосната вакцинација).

Лицето можело да се зарази во моментот кога нивото на заштитните антитела предизвикани од вакцинацијата се намалило во неговото тело.

Едно лице може да се зарази кога ќе се соочи со нова мутација на вирусот (веројатно омикрон може да ја заобиколи заштитата од „инокулирани“ антитела).

Како изгледаат типичните симптоми на инфекција по вакцинацијата?

Според студијата за симптомите на Ковид, која се спроведува во Велика Британија од 2020 година, пет симптоми (наведени во зависност од фреквенцијата) може да укажуваат на корона инфекција по вакцинацијата.

Течење на носот

Главоболка

Кивање

Воспалено грло

Постојана кашлица

А следните пет симптоми најчесто укажуваат на инфекција кај невакцинирана личност, тие исто така се наведени во зависност од зачестеноста.

Главоболка

Воспалено грло

Течење на носот

Температура

Постојана кашлица

Иако симптомите на вакцинираните и невакцинираните луѓе се слични, постојат некои разлики. Експертите го наведуваат течењето на носот, во комбинација со главоболки и кивање, како најчест знак за продорна инфекција, односно кај вакцинираните, додека овие симтоми се поретки кај невакцинираните луѓе. Дополнително, многу ретко се случува вакцинираните да имаат температура – што е честа појава кај невакцинираните лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This