дома Македонија ЗОШТО КРИВОЛАК Е ТОЛКУ ВРЕДЕН ЗА САД И НАТО: Криволак го правеше...

ЗОШТО КРИВОЛАК Е ТОЛКУ ВРЕДЕН ЗА САД И НАТО: Криволак го правеше ЈНА, на него може да се вежба на студ, жега и во вода

Полигонот Криволак за кого американскиот сенатор Џејмс Риш нагласи дека најголемата придобивка од членството на Македонија во НАТО е еден од најголемите вежбалишта во овој дел на Балканот.

Пуштен е во употреба во 1969 година а го правела ЈНА. Има површина од 22.564 хектари, односно 22 километри во правец север-југ и 18 километри исток-запад.

Може да ги симулира сите временски услови, шума, ридови а во близина е и реката Вардар. Може да вежба пешадија, okлопни единици како и авиjaција.Климата е континентална но со топли лета и ладни зими.