Зошто Русија е во право во Сирискиот конфликт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

danilo_gjukovikКомисија составена од Британски пратеници ја даде својата оцена во однос на воените акции кои Бритнаците и Французите ги преземаа против режимот на Муамер Гадафи во 2011 година. Во извештајот се наведува дека лошо спроведената акција допринела до создавање на ‘простор на вакум’, во кој се создале услови за ширење на Исламската Држава.

САД играа активна улога во интервенцијата за рушење на Гадафи, што допринесе до дефинитивниот колапс на државните институции, и ја претвори Либија во ‘мека’ за Исламските терористи.
Слично сценарио е на работ на остварување во Сирија. И додека Франција и Британија не се активно вклучени, конфликтот во Сирија ги спротистави Вашингтон и Москва, кои се залагаат за различни решенија на кризата. Русија и Соединетите Држави имаат заеднички непријател во Сирија – ИСИС, меѓутоа се разликуваат по однос на граѓанската војна која ја погоди Сирија. САД се борат против ИСИС, но истовремено ги поддржуваат и бунтовниците во борбата против Башар ал Асад. Русија од друга страна, спроведува воздушни напади врз ИСИС, но го поддржува Асад во борбата против бунтовниците.

Како оправдување за борбата против Асад Соединетите Држави се користат со идентичен речник како оној кој Лондон и Париз го користеа кога ја оправдуваа својата интервенција во Либија. Гадафи претставуваше реална закана за оние кои се обидуваа да му ја одземат власта, и загубите на страната на бунтовниците се закануваа да доведат до сериозна хуманитарна криза. Повикувајќи се на овие ‘загрижувачки’ сигнали, Франција и Велика Британија потпомогнати од Либијската опозиција се ослободија од Муамер Гадафи. Меѓутоа, западните сили не ги предвидеа последиците од наглото симнување од власт на Гадафи, како што наведе и извештајот на Британските парламентарци. Иако репресивниот режим на поранешниот Либијски лидер не му донесе многу поени на меѓународната сцена, тој сепак успеваше да ги спречи борците на Исламска Држава да навлезат во Либија. Веднаш по неговата смрт, Либија го загуби територијалниот суверенитет и ИСИС успеа да продре длабоко во Либија. Денес, Либија се наоѓа во тотален хаос, а терористички групи имаaт контрола врз значаен дел од територијата.

Соединетите Држави, со поддржувањето на бунтовниците се закануваат да предизвикаат Либијско сценарио во Сирија. Уште една распадната држава е последното нешто што му треба на регионот во кој Исламски милитанти ја користат секоја прилика да завземат нови територии. Во никој случај ова не смее да биде сфатено како апологетска одбрана на режимот на Асад. Демократски промени во Сирија се неопходни, имајки ја предвид бруталноста со која Асад се справува со противниците. Меѓутоа, моменталната ситуација не дозволува за мирен премин на власта во Дамаск. Русија, која го поддржува Асад, изгледа како да се согласува со овој став. Од Кремељ велат дека може да стане збор за смена на Асад само откако Исламската закана ќе биде отсратената. Путин, впорчем, покажа дека е волен да соработува со Вашингтон кога во 2013 беше остварена заедничка акција за отстранување на хемиски оружја од територијата на Сирија, и покрај противењето на Сиријскиот лидер.

На 9ти Септември оваа година Вашингтон и Москва постигнаа уште еден значаен договор. Договорен беше прекин на огнот помеѓу силите на Асад и бунтовниците поддржани од САД. Планирано е примирјето да овозможи за заедничка борба против терористичките организации, како и доставување на хуманитарна помош за настраданите во конфликтот. Во пракса, договорот е можност за напредок токму во насока на отсранување на Исламската закана.

Меѓутоа, изминатиот викенд, она што беше окарактеризирано од Вашингтон како блуден воздушен напад фрли сенка врз договорот кој Кери и Лавров го постигнаа во Женева. Имено, Американското воздухопловство изврши воздушен напад во кој повеќе од шеесетина Сиријски војници го загубија животот. Во објаснувањето од Белата Куќа стоеше дека за трупите кои биле погрешно таргетирани се сметало дека се Исламски борци. Русија го осуди инцидентот и повика на зголемена разузнавачка соработка со цел спречување на вакви немили настани кои го ослабнуваат и онака ниското ниво на доверба помеѓу Москва и Вашингтон, и дополнително го минираат примирјето.

Ако нешто можеше да се научи од епизодата во Либија е дека наглите, непромислени смени на власт во регион во кој е активна Исламската закана допринесуваат до зголемен хаос. Тоа беше јасно прикажано и во извештајот на Британските парламентарци. За да се спречи Либијско сценарио во Сирија, Америка и Русија мораат да соработуваат најпрво во борбата против тероризмот, а дури потоа да почнат да размислуваат за демократски смени на власта. Тоа е единствениот начин да се креира клима за подобрување на ситуацијата во Сирија и околината, и да се спречи понатамошното ширење на ИСИС.

 

Данило Ѓуковиќ
Авторот е студент по меѓународни односи и дипломатија на Универзитетот Болдер во Колорадо

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This