дома Занимливости Зошто треба да имате бадниково гранче вечерва во домот

Зошто треба да имате бадниково гранче вечерва во домот

Вечерва е Бадник, големиот празник пред Божиќ, ноќ која секој треба да ја помине со семејството, да јаде од посната трпеза и да крши леб со паричка која се смета дека носи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.