дома Социјални Мрежи ЗОШТО ХАН Е ,,ALL IN” ВО МАКЕДОНИЈА: Бизнис интересите на еврокомесарот во...

ЗОШТО ХАН Е ,,ALL IN” ВО МАКЕДОНИЈА: Бизнис интересите на еврокомесарот во Македонија поврзани со компанијата ,,Новоматик”

Професорот Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил повторно го актуелизираше проблемот со пристрасноста на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Имено тој на својот профил ја потсети македонската јавноста дека Хан можеби не е доволно неутрален  поради наводите дека тој има бизнис интереси во Македонија. Поточно се работи за фирмата ,,Новоматик” која  e позната во индустријата на игри, и е присутна на македонскиот пазар како сопственик на казина, а во 2014 година стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија.

-Мала реминисценција за тоа што до пред три години пишуваа сегашните провладини новинари

„Перцепцијата дека ХАН можеби не е доволно неутрален, не е само медиумска шпекулација – изјави новинарот Васко Попетревски во дебатна емисија на ТВ „24 вести“, повикувајќи се на информации потврдени од дипломатски извори.

Имено, вчера во Скопје, на еден од редовните координативни состаноци на амбасадори на земји-членки на ЕУ, еден од претставниците на влијателна земја членка, го поставил прашањето за неутралноста на Хан, поточно за неговите БИЗНИС ИНТЕРЕСИ во австриската фирма ‘Новоматик’. Во обид да се разјасни ваквото прашање прилично се вжештиле телефоните на релација Скопје-Брисел.

Компанијата „Новоматик“, позната во индустријата на игри, е присутна на македонскиот пазар како сопственик на КАЗИНА. Покрај други, во март 2014 година таа стана сопственик и на казиното „Фламинго хотел“ кај Гевгелија, пишува професорот Апасиев на Фејсбук.