Зошто Чифлиганец ја частел Лиле Стефанова 40 проценти попуст?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред неколку месеци во јавноста беше обзнанено како обвинителката од „рекетарското“ СЈО, Лиле Стефанова се стекнала со имот во луксузниот објект на „Адора Инженеринг“ што го купила нејзината невработена ќерка, имот кој не е пријавен во Државната комисија за спречување корупција

За збогатувањето на Стефанова пишуваше и Инфомакс по што доставивме прашања и до антикорупциската комисија.

Од Државната комисија за спречување на корупција ни одговорија дека отвориле постапка по допрен глас против обвинителката Лиле Стефанова која во периодот 2015-2016-та година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата Адора Инжењеринг во сопственост на Ванчо Чифлиганец.

Се работи за имот вреден 70 илјади евра кој бил исплатен во период од една година.

Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, невработената ќерка на Јавната Обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност помеѓу Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје , како продавач и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Нашите информации велат дека во текот на 2015 и 2016 година во целост е исплатена купопродавжната цена за стан, во износ вкупен од 4.480.525 денари со пресметан ДДВ или околу 70 илјади евра од страна на купувачот.

Во анкетниот лист на Стефанова стои вредноста на станот, но со едноставна математичка операција може да се пресмета дека цената на чинење по квадрат е околу 800-тини евра што претставува дисконтна цена во однос на пазарната по која Адора ги продава становите.

Инаку пазарната цена на становите на „Адора Инженеринг“ се движи помеѓу 1100 и 1300 евра.

Отткуа се поставува прашањето со што Стефанова заслужила таква дисконтирана цена од речиси 40 проценти?

Но сепак збогатувањето на обвинителката Стефанова во краток временски период не завршува тука, па така таа во своја сопственост поседува и стан во Радовиш чија моментална пазарна вредност се движи околу 40-тина илјади евра.

Дали Лиле Стефанова перела пари кога купила стан од 70.000 евра, имаќи во предвид нема прикажано потекло на имотот , а добро е познат методот на легализирирањето на пари за кои се нема потекло преку купување на недвижен имот.

Во објавата на Италијанскиот весник Ла Верита за случајот Рекет се слуша гласот на Катица Јанева како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Боки 13 преку телефонски повик се договара со Орце Камчев кога да дојде по рекетот во висина од 1,5 милиони евра.

Камчев во разговорот со Јанева посочува телефонски разговор со Ванчо Чифлигнаец од чија компанија Стефанова го купила станот, потенцирајќи дека од него побарал мито за обвинителката Лиле Стефанова за дуќан и стоматолошки ординации.

Дали после истрагата на антикорупциската комисија истрага за финансиското работење на Стефанова ќе отвори и Основното јавно обвинителство?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This