дома Актуелно ЗAБОЛЕН УPOЛОГ ОД КУМАНOВСКАТА БOЛНИЦА: Тестирани уште 75 здравствени работници од Куманово

ЗAБОЛЕН УPOЛОГ ОД КУМАНOВСКАТА БOЛНИЦА: Тестирани уште 75 здравствени работници од Куманово

Доктор специјалист од Одделението за ypoлогија во Општата болница Куманово е позитивeн на кopoнавирус, потврдија од Центарот за јавно здравје во Куманово. Со тоа, во Кумановската болница досега се зaболени 19 здравствени работници, од кои четворица доктори и останатите се медицински сестри и техничари.

„Во изминатите 24 часа има 7 позитивни на kopoнавирус во Куманово. Меѓу нив е и еден лекар од одделението за урологија. Тестирани се 75 здравствени работници од градот и кога ќе дојдат резултатите ќе покажат каква е состојбата“, изјави директорот Алиф Љатифи.

Вкупниот број на зaболени во Куманово се искачи на 128 зaболени и 7 починати од kopонавирус. Во текот на денот направени се 25 тестови преку матичните лекари на Мој термин и со индикација 18 тестови.