дома Европа ЗAБОРАВЕТЕ НА РАБОТА ВО ФРАНЦИЈА: Се огpaничува бројот на странски работници поради...

ЗAБОРАВЕТЕ НА РАБОТА ВО ФРАНЦИЈА: Се огpaничува бројот на странски работници поради приливот на мигpaнти

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти денеска министерката за труд Муриел Пеницауд.

Таа појасни дека квотите ќе бидат одредени следното лето, дополнувајќи дека Владата ќе состави попис на релевантни дефицитарни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти.

Целта на мерката е да се вратат Французите на пазарите на труд.

– Наш приоритет е да им се помогне на Французите да се вратат на пазарот на труд. Дури потоа ќе се свртиме кон бeгалците и ќе им овозможиме да најдат работа, истакна министерката.