дома Хроника Зaбeгaнa paбoтa: Maж oд Жeлинo ocoмничeн дeкa гo oштeтил дoвoдoт зa киcлopoд...

Зaбeгaнa paбoтa: Maж oд Жeлинo ocoмничeн дeкa гo oштeтил дoвoдoт зa киcлopoд вo тeтoвcкaтa бoлницa

Маж на возраст од 42 години од селото Желино вчера бил лишен од слобода бидејќи полицијата се сомнева во негова вмешаност при оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница на 23 август. Тогаш со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки, од кои едната за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

– Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот, на улица „Илинденска” во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.

– Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.