April 24, 2024, 10:18 am

Зaвpши зaд peшeтки: Гевгеличанец ocoмничeн зa пoвeќe kpивични дeлa дoби пpитвop oд 30 дeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 20 ноември 2020 година од дворот на семејната куќа на оштетениот со намера противправно да го присвои одзел расно женско куче белгиски овчар во вредност од 25.000 денари.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице од Гевгелија за повеќе кривични дела. Се работи за продолжено кривично дело „тешка кражба“, за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и за седум кривични дела „загрозување на сигурноста“.

Како што информира Јавното обвинителство, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ги уништи трагите од кривичните дела, ќе влијае врз соучесниците во кривичното дело, како и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Во временскиот период од 3 ноември 2020 година до 29 ноември 2020 година, осомничениот во три наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Искористувајќи слични прилики во ноќните часови, кога нема раздвиженост на луѓе, со провалување влегувал во затворени простории и одземал туѓи подвижни предмети со намера протривправно да ги присвои.

На 3 ноември 2020 година во 8:48 часот влегол во просторијата на оштетеното правно лице – казино во Гевгелија и пред вработената на дрзок начин од регистарската каса-фиоката, одзел туѓи подвижни предмети – пари во апоени од по 1.000 денари, а во вкупна вредност од 100.000 денари и веднаш се дал во бегство.

На 20 ноември 2020 година од дворот на семејната куќа на оштетениот со намера противправно да го присвои одзел расно женско куче белгиски овчар во вредност од 25.000 денари.

На 29 ноември 2020 година, во периодот од 3.30 часот до 4.30 часот, со провалување, со употреба на тврд предмет, најпрво се обидел да ја отвори влезната врата од објектот сопственост на МВР, ОВР Гевгелија. Кога не успеал, насилно го отворил едното крило од прозорецот, по што влегол во внатрешноста на просториите на Отсек за крим-техника и од холот од просториите, одзел туѓи подвижни предмети кои биле оставени во посебни вреќи – наркотична дрога подготвена за натамошно вештачење.

Осомничениот во временскиот период од 29 ноември 2020 година до 3 декември 2020 година во домот во кој престојувал во Гевгелија неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана и тоа 24 суви растенија спакувани во црна најлонска вреќа со натпис крим-техника и хартиени вреќи со натпис крим техника и 25 врвни делови од растенија која претходно противправно ја одзел од ОВР Гевгелија и ја продал на непознато лице.

Осомничениот, како што се наведува, ја загрозил сигурноста на службени лица – полициски службеници со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело. На 3 ноември 2020 година околу 20:00 часот влегол во просториите на ПС Гевгелија и почнал да упатува закани по животот на оштетен униформиран полициски службеник. Делото го повторил и на 4 ноември 2020 година во 9:00 часот, кога повторно влегол во ПС ОН Гевгелија и се заканувал на оштетените службени лица. Со закани се обратил кон службени лица и на 3 декември 2020 година во периодот од 13:00 часот до 14:30 часот, додека оштетените полициски службеници вршеле претрес во домот на осомничениот, упатувајќи им сериозни закани дека ќе посегне по нивниот живот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This