дома Актуелно ЗAГAДУBAЊETO ВЕЧЕРВА, ЕНОРМНО: Во Ново Лисиче „пaднaa“ и првите 1.000 микрограми ПМ10...

ЗAГAДУBAЊETO ВЕЧЕРВА, ЕНОРМНО: Во Ново Лисиче „пaднaa“ и првите 1.000 микрограми ПМ10 честички на метар кубен

Синоќа Скопје се задуши како никогаш во последните 2 недели, а загадувањето, за жал на граѓаните, достигна рекордни броеви. Измерените вредности на мерните станици отидоа до плафон, а речиси во сите општини присутството на ПМ 10 честички беше огромно, пренесува порталот Скопјеинфо.мк

Очигледно, од сите места од каде скопјани постираа фотографии на социјалните мрежи од измереното загадување, во населбата Ново Лисиче кај поранешната автобуска станица последна петка, загадувањето било најголемо со присутство на неверојатни 1066 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Ако ова не е доволно за надлежните сериозно да се активираат и да преземат ригорозни мерки за справување во оваа ситуација, тогаш не сме сигурни што повеќе треба да се случи…