дома КОВИД-19 (Коронавирус) Зaгpижувaчки статистики – Во Индија за четири дена 100 илјади зaрaзeни со...

Зaгpижувaчки статистики – Во Индија за четири дена 100 илјади зaрaзeни со Koвид-19

Во Индија во последните четири дена регистрирани се повеќе од 100.000 новозаразени со корона вирус, соопшти министерството за здравство на оваа земја.

Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 28.498 нови случаи, како и 553 нови починати, пренесува СиЕнЕн.

Од почетокот на пандемијата, со корона вирус се заразиле 906.752 лица, починати се 23.727 луѓе, додека оздравени се 571.000 лица.

Во Индија направени се повеќе од 12 милиони тестирања на коронавирус.