Залутан куршум од огнено оружје заврши во продавница во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера попладне А.З.(55) пријавил во полиција дека околу 16.30 часот во неговата продавница слушнал удар во покривот, по што на подот забележал зрно од огнено оружје.
Повредени лица нема, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, при што зрното е подигнато за понатамошна постапка, велат од МВР.